Вести Економија Македонија

(Видео) Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година – помалку пари за капитални инвестиции

Повисок економски раст, пониска инфлација и помал буџетски дефицит. Владата го усвои, а министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска го презентираше предлог буџетот за 2026, кој ќе биде доставен до Собранието. Еве што друго ќе гледате во вестите

Се предвидува економски раст од 3,8 отсто, инфлацијата од 2,5 отсто и буџетски дефицит од 637 милиони евра, односно 3,5 отсто од БДП. Предвиден раст на плати и пензии. Со еврообврзница од најмалку 950 милиони евра ќе се враќаат старите долгови кои доспеваат.

Министерката најавува борба против сивата економија и зголемување на наплатата на давачките.  Ова се дел од новините за финансиитен а државата за 2026-та година, предлог буџетот од владата, патува во Собранието.

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, но трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе