Борба против Лажни вести Вести Македонија Најважни

Не работеле по планот, дозволиле мини депонии на улици и тротоари, го загрозиле здравјето на скопјани- поднесена кривична пријава против директорот и раководителот на Комунална Хигиена

Пред малку, Обвинителство објави дека против Сабахадин Рустеми и Аки Саити е поднесена кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. За тој член од законот е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот.

Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести, стои во соопштението на Обвинителството.

  • Ваквите сомненија се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ, соопшти  Јавното обвинителство.

Обвинителството бара притвор за двајцата осомничени поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе