Вести Економија

Дизелот поскапува за денар, бензините за половина денар – нови цени на горивата од полноќ

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 е 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 75,5 денари, дизелот за 68 денари, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,010 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,057 денари додека цената на метанот останува непроменета и килограм чини 57,5 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,990 отсто, кај дизелот за 4,345, кај екстра лесното масло за 3,773 и кај мазутот за 0,554% отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе