Во вечерашната Топ Тема се соочуваат двајцата кандидати за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски од ЗНАМ и Горан Стојковски – Диро, кандидат на група избирачи.
Актуелниот градоначалник на Општината Куманово Димитриевски на прашањето „Зошто влетавте во изборната кампања за скопска општина односно за Центар?“ вели дека се отповикал на повикот на ЗЕЛС на кој претседател е Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје.
Димитриевски вели дека ЗЕЛС упатило официјално барање како Заедница на единиците на локалната самоуправа на РСМ од претходно одржана координација на сите скопски градоначалници. Според него ситуацијата со позајмување на камионите на Општината Куманово за потребите на Општината Центар ја споредува со големиот пожар во Гази Баба кога имало интервенција и биле испратени возила и противпожарни екипи.
„Општина Куманово се отповика на писмото на ЗЕЛС и испрати своја екипа да помогне на Скопје и покрај тоа што имаме огромни проблеми самите во Куманово особено со голем број на саботажи и дефекти на возила кои го изнесуваат дефектот“, вели Максим Димитриевски.
За видео записите од чистење на ѓубрето со камиони на Општина Куманово во Скопје и нивно објавување на социјалните мрежи кумановскиот градоначалник не смета дека ги злоупотребил општинските ресурси за партиска кампања, дека сето тоа било усогласено со Владата и дека на овој начин се информирале граѓаните за тековните активности.
Т.Д.
