Вести Македонија Топ вести

Снимаат наместо да помогнат и спречат – загрижувачки тренд на агресија кај малолетниците

Нов тренд на агресивно однесување кај младите. Во последниот период се почесто забележуваме малолетните лица наместо да помогнат и пријават физички пресметки, тие го евидентираат со видео запис, а во некои случаи и го објавуваат на социјалните мрежи.

Вчера ваков инцидент пријавила мајка од Скопје. Нејзината ќерка била физички нападната од две малолетнички кои ги познавала, додека сето тоа било снимено од друго малолетно лице.

Tакви случаи се пријавуваат се почесто, а според експертите станува збор за загрижувачки тренд за кој е потребeн разговор во кругот на семејствата, но и спроведување на обуки и програми, со цел осознавање на последиците на ваквото негативно однесување.

Според психологот Гордана Блажевска Спиридоновa, младите се возрасна група која најбргу ги прифаќа и следи промените во општеството, па така тие вложуваат напори да го пресликаат тоа во нивното однесување, со цел да го одржат својот статус во општеството.

„Младите се возрасна група која најбрзо ги прифаќа и ги следи промените кои се случуваат во заедницата, промените кои се случуваат во социјалната сфера во којашто тие сега доминантно се движат, вложуваат напори да го одржат својот статус и да го следат однесувањето на врсниците, меѓутоа и социјални модели кои  имаат прилика да ги забележуваат и следат во рамки на социјалните мрежи и медиумите“, вели во телефонска изјава Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во СУГС „Никола Карев“. 

Содржината на социјалните мрежи, агресивни сцени во филмови, или игри кои во нив содржат насилство, дополнително можат да ја оформуваат искривената перцепцијата на младите кои понатаму нивното однесување ќе го пресликуваат негативно, а како главна причина за тоа е да привлечат внимание.

Исто така се наоѓаат на возраст кога вредносниот систем уште не е оформен и разбиен, а исто така и експериментираат со границите, да кажеме предизвикување на границите и тоа честопати знае да биде несоодветно однесување“, истакнува Спиридонова.

Како превенција на ваквото однесување е потребно родителите секојдневно да разговараат со нивните деца, да следат какви содржини гледаат на интернет, но и какви игри играат. Наставниците пак во училиштата да имплементираат програми и активности во рамки на трендовите кои се појавуваат, со цел да превенираат ваков вид на негативни облици на однесувања.

Училиштата не треба да претпоставуваат дека младите се наивни, дека младите се невини, дека на младите нема да им текне несоодветни облици на однесување, туку во своите програми треба да имаат  работа и активности со младите, треба веројатно да опфаќаат и да ги следат овие трендови во групите на младите, да им нудат поинаков агол на гледање на нивните односи, да им нудат поинакви модели на однесување, да разговараат за едноставни решенија – како да кажат не и да се спротивстават на ваквите облици на однесување“, додава Спиридоновска.

Спиридоновa смета дека денес веќе има соодветна литература на интернет, која може дополнително да влијае на позитивниот развој и грижа кај децата кои се мета на современите трендови на социјалните мрежи.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе