Вести Свет

По убиството на еден човек во Словенија – двајца министри поднесоа оставка

Крвав чин кој ја потресе Словенија но и доведе до оставки во владата на премиерот Голоб.

48-годишен маж синоќа  околу 2 часот и 30 минути по полноќ бил нападнат пред ноќен клуб во градот Ново Место. Според објавите на словенечките медиуми, човекот дошол пред клубот за да го земе својот син, кому му се заканувале група роми. Првичните информации се дека мажот бил претепан од поголема група роми, но полицијата засега уапсила едно лице, на возраст од 20 години, за кого се тврди дека и претходно вршел кривични дела.

Неофицијално се тврди дека тој бил единствениот напаѓач, иако полицијата ја истражува можноста за учество на други лица во смртоносниот напад.

Од здобиените повреди, нападнатиот човек подоцна починал во болница.

Денеска, заради чувството на , како што го нарекоа, објективна одговорност, оставки на своите позиции поднесоа министерката за правосудство, Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи, Боштјан Поклукар, кои беа и прифатени од премиерот Роберт Голоб.

Тој попладнето и се сретна со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони, како подготовка за седница на владата закажана во вторник, на која се очекуваат конкретни предлози за вонредни мерки.

„Разбирам дека сите чувствуваме болка, бес и страв. Но, повиците на одмазда и вооружување не смеат да не заведат, туку заради невината жртва треба да ја прекинеме состојбата  која е последица на повеќедецениското занемарување на оваа проблематика“ – изјави премиерот Голоб по средбата со градоначалникот Мацедони.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе