Вести Македонија Топ вести

СДСМ ја прашува владата: Дали во Лондон е договорено прифаќање на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара од македонската влада да одговори дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија.

По посетата на македонска делегација која деновиве беше во Лондон на Самит за Западен Балкан, од СДСМ бараат од премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќање на мигранти и мигрантски кампови во Македонија.

За време на самитот, британскиот премиер Кир Стармер на платформата Икс напиша дека постои криминален автопат што води низ Западен Балкан, кој ги води нелегалните мигранти директно во Велика Британија.

„Нашата задача е да го затвориме и да ги разбиеме организираните шверцерски банди што го водат. Ги здружувам земјите за да се справат со овој заеднички предизвик“, напиша Стармер на Икс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе