Илјадници Унгарци излегоа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на премиерот Виктор Орбан кој во април наредната година би можел да се соочи со најпредизвикувачките избори во последните 15 години, откако е на власт, пишува „Гардијан“.
Собирот, кој организаторите го насловија како „Марш за мир“ на 23 октомври, унгарски национален празник посветен на неуспешниот антисталинистички бунт во 1956 година кој ги задуши Црвената армија, пренесува АП.
Учесниците извикуваа слогани со поддршка за Орбан и неговата порака дека Унгарија ризикува директно вклучување во војната во Украина.
На чело на поворката беше истакнат транспарент „Не сакаме да умираме за Украина“.
