Вработените во ЈП Комунална Хигиена Скопје и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање согласно законите и колективните договори, ова била одлуката која вчера ја донеле синдикатите на состанокот поради состојбата во која се наоѓаат поради неисплатена септемврска плата. Од синдикатот на СУТКОЗ во соопштение до медиумите денеска информираат дека и покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец септември, вработените во претпријатието редовно ги извршуваат своите работни задачи со средствата кои им стојат на располагање, а истите се во недоволен број, односно има недостаток на камиони за собирање на смет, а за поголем број од нив нема резервни делови и не се во возна состојба. Од СУТКОЗ посочуваат дека за таквата ситуација, вината не е кај вработените во претпријатието, кои вложуваат максимални напори да се собере сметот, туку кај раководството на претпријатието, стои во соопштението. Најавуваат СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки против раководството на претпријатието кои им стојат на располагање, согласно Законите и Колективните договори (кривични пријави и пријави до Државниот инспекторат за труд), притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен во претпријатието, како и здравјето на граѓаните на град Скопје.
Вработените во „ЈП Комунална хигиена Скопје“ и „СУТКОЗ“ најавуваат кривични пријави и пријави до Државниот инспекторат за труд
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
