Вести Македонија Топ вести

Околу 60.000 пријавени граѓани за вакцина против сезонски грип

За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои шест се во Скопје. Сите заинтересирани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните категории население, како повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во домови за стари лица и вработени во овие установи. Меѓувреме, во организација на Министерството за здравство, превентивни тимови низ државата, започнаа со вакцинација против сезонски грип и во домашни услови, на повозрасни и неподвижни лица, како и на лица со попреченост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе