Изборниот ден, но и деновите по него одбележани со преполни контењери и ѓубре по улиците, но и голем број фотографии со отпадоци на социјалните мрежи како реакција на граѓаните. Состојбата е непроменета и утрово. Граѓаните се жалат дека иако редовно ги подмируваат своите сметки сепак услугата не ја добиваат, а главниот град е пред еколошка катастрофа. Преполни контејнери, смрдливи улици и хаос кој никој не го расчистува. Додека градот се подготвува за вториот изборен круг, на секој чекор се чувствува она што никој не го чисти: отпад, кабасти предмети, расфрлани душеци и скршени санитарии – оставени покрај контејнери што одамна ја изгубиле битката со редовното празнење. Никој не презема одговорност. ЈП „Комунална хигиена“ тврди дека не е надлежно за отпадот околу контејнерите, туку само за внатрешниот, но и тој со денови останува несобран па затоа ѓубрето се таложи на тротоарите. Чисто Скопје се најде во речиси секоја програма, но не и во реалноста.

(Видео) Улиците во Скопје тонат во ѓубре
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
