На втори ноември ќе се отворат избирачките места во 33 општини во кои не се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори.
Битката во втор круг за Куманово ќе биде меѓу актуелниот градоначалник Максим Димитриевски од ЗНАМ кој според податоците на Државната изборна комисија освои 16.183 или речиси 38 проценти од гласовите и Горан Стојковски предложен од група избирачи кој освоил 5 946 или 14 проценти од бројот на гласачи.
Димитриевски кој је коалиционен партнер со ВМРО-ДПМНЕ синоќа славеше на градскиот плоштад и до последно се надеваше дека ќе победи уште во првиот круг.
Неговиот против кандидат пак, Стојковски утрово на социјалните медиуми најави дека во втор круг ќе продолжи со поголема енергија за да победи во Куманово.
Кочани е градот од истокот каде исто така ќе се бира меѓу двајца кандидати кои го поминаа првиот круг. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ со кандидатот Владко Грозданов ќе се спротивстави на актуелниот в.д. градоначалик Венко Крстевски. Грозданов вчера освои 5.641 или речиси 40 проценти од гласовите во Кочани, наспроти независниот кандидат Крстевски кој освои 3.394 или 24 проценти.
Меѓу општините од внатрешноста каде ќе се гласа во втор круг се и Валандово, Виница, Демир Капија, Дојран, Кичево, Неготино, Дебар, Тетово, Крушево.
Она што беше пресврт после долгогодишната традиција во Стумица во која ВМРО-ДПМНЕ не победило две децении е убедливата победа на нивниот кандидат и тоа уште во првиот круг на вчерашните избори. Петар Јанков освоил 15 071 или скоро 56 проценти од гласовите наспроти кандидатот на СДСМ Марјан Даскаловски кој освои 36 проценти или 9732 гласови. Додека Јанков славеше бидејќи го освоил СДСМ – овскиот бастион, Даскаловски утрово на „Фејсбук“ му ја честиташе победата.
„20 години заедно ја менувавме Струмица чекор по чекор, со срце, визија и труд. Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат“, напиша Марјан Даскаловски од СДСМ.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо водеа и во Велес, Охрид и Штип и уште рано вечерта ги прославија победите. Во Битола битката се водеше меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски и независната кандидатка Габриела Илиевска, но сепак на крај коњановски победи со 10 илјади гласови повеќе пред Илиевска.
Со 50,52 проценти Коњановски успеа да го избегне вториот круг гласање. И во прилеп Дејан Продановски со освоени 55 проценти од гласовите иоздвои победа уште во првиот круг истот така со убедливо водство од 10 илјади гласови пред кандидатот на сдсм Петра Лукароска.
Во Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа поради тоа што не беше постигнат цензус, односно гласаа помалку од 30 проценти од регистрираните гласачи во општините.
Билјана Николовска
Дигитална обработка: T.Д.
