Вести Македонија Топ вести

Интервјуа за судија во Стразбур – кои тројца кандидати влегуваат во финале ќе се знае по одлуката на ДКСК за претставките за судир на интереси

Судии адвокати правници. Единаесетмина од листата која го мина првиот филтер за судија во судот во Стразбур еден по еден од утрово доаѓаат на интервју пред комисијата која се состана во Уставниот суд. Сепак кои тројца кандидати ќе се најдат на листата што ќе оди за советот на Европа 5 члената комисија нема да одлучува веднаш по интервјуата.

Ќе чекаат одлука од ДКСК која треба да се произнесе по претставките за судир на интерес на Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кој е претседател на Комисијата за избор. Еден од кандидатите кој го мина првиот филтер, деканот на Правниот факултет Јустинијан Први Сашо Георгиевски му бил ментор му бил ментор за неговиот магистерски труд и за докторската дисертација.

Костадиновски претходно се произнесе дека нема конфликт на интерес а на состанокот пред денешните интервјуа и другите членови се согласиле со него.

„По образложување на аргументите и фактите во смисла дека во конкретниот случај не може да стане збор ниту за пристрасност ниту за потенцијален судир на интереси, предлогот за изземање на претседателот Костадиновски не беше прифатен од членовите на Комисијата. Комисијата едногласно одлучи да се спроведат закажаните интервјуа во текот на денешниот ден, а резултатите од истите ќе се достават до Експертскиот панел на Советот на Европа, откако ДКСК ќе одлучи по приговорите“, известуваат од Комисија за избор на судија во ЕСЧП.

Антикорупциска предметот го отворила на 13 октомври чека одговор од Костадиновски во рок од 15 дена

„Доставено е барање до претседателот на Комисијата за избор на кандидати на РСМ за судија во ЕСЧП за прибирање информации, за чие доставување законскиот рок е 15 дена. По добивање на информациите, предметот ќе биде разгледан, по што на првата наредна седница ќе биде донесена одлука која ќе биде јавно објавена“, соопштуваат од ДКСК.

Изборот на кандидат за македонски судија во Европскиот суд за човекови права го следат контроверзии откако Владата кон крајот на јули го поништи претходниот избор, ја разреши старата Комисија и формираше нова. Владата тврдеше дека тројцата кандидати обвинителката Ленче Ристоска, судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски не ги исполниле критериумите но тие не добија никакво образложение. Ристоска за сите за сите нерегуларности го известила Советот на Европа. За разлика од другите две кандидатки Апостолски се пријави и на новиот оглас и денеска одговараше на прашањата на 5 члената комисија од во која покрај претседателот на Уставен се и претседателите на Врховен Кривичен Граѓански и директорката на академија за судии и јавни обвинители

Интервјуата како набљудувачи ги следеа претставници од невладините „Коалиција сите за правично судење“ и „Македонско здружение на млади правници“

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе