Вести Македонија Најважни

Мирно и фреквентно утро во првиот круг од локалните избори

Избирачките места во ОУ ,, Браќа Миладиновци‘’ беа отворени навреме во 7 часот. Гласањето на овие избирачки места течеше без никаков проблем. Според заменик претседателката на едно од избирачките места граѓаните немале проблем при идентификација со отпечаток од прст.

Интервју со Даница Насева Иванова, заменик претседател во избирачко место 2673 во Општина Аеродром 

  •  Колкава е излезноста досега?

-Не е голема, имаше 10 гласачи.

  • Дали сметате дека подоцна во текот на денот би имали поголема раздвиженост?

-Најчесто да.

  • Дали изборниот материјал е добиен навреме?

-Да уште во текот на вчерашниот ден се беше добиено навреме и се течеше во најдобар ред.

  • Од овие гласачи кои досега ги напоменавте дали можеби имаше некаков проблем при лична идентификација?

-Не, во ред работи апаратот, се е во ред.

Граѓаните кои дојдоа да го остварат своето демократско право го искажаа своето мислење пред камерата на Телма. Велат очекуваат по изборите, ветувањата да бидат исполнети.

Анкета на граѓани 

  • Дали го остваривте своето право на глас? Да го остварив.Тоа е должност на сите грагани на нашата република. Дали можеби наидовте на некаков проблем?

-Не, се беше во ред.

  • Што очекувате по изборите?

-По изборите очекувам дека ќе се подобри ситуацијата дека нема да биде исто како до сега што беше.

-Со задоволство го остварив правото на глас.

  • Дали наидовте на проблем при лична идентификација?

-Не, немаше никаков проблем се течеше во ред беспрекорно.

  • Што очекувате по изборите?

-Покрај огромните ветувања, и малку одговорност.

-Да, го остварив правото на глас.Се беше во ред.

  • Немаше никаков проблем?

Немаше никаков проблем, на апаратот за отпечаток се обидов еднаш, двапати, нормална работа.

  • Што очекувате по изборите?

-Очекувам градот да биде како што треба да биде еден град.

Граѓаните своето избирачко место можат да го проверат онлајн на веб страницата на државната изборна комисија. Во графата избирачки список, со внесување на матичниот број ќе ја добијат потребната информација.

Maрија Коцева

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе