Вкупно 1.451 набљудувач кои ги акредитираше Државната Изборна Комисија ќе ги следат осмите локални избори во Македонија. од нив, 807 се домашни, а 644 се меѓународни набљудувачи. Покрај нив, изборниот процес ќе го следат и 12 странски новинари. Најголем број домашни набљудувачи – 549 – доаѓаат од здружението „Вејк Ап“ од Скопје. изборите ќе ги следат и набљудувачи од цивил, МКЦ-Битола, Ромалитико, Евротинк, Институтот Охрид и други организации. Од меѓу меѓународните организации, најмногу набљудувачи акредитирала ОДИХР – 524, а следуваат амбасадата на САД со 30, Европскиот Парламент со 12 и Британската амбасада со 11.Акредитирани се и претставници од изборни тела на Хрватска, Унгарија и Грузија.
