Вести Македонија

Возбудливи откритија од праисториска наколна населба на Дојранското езеро

Нови сознанија за постоењето на праисториската наколна населба во Дојранското Езеро. Последните археолошки истражувања кои завршија пред неколку дена даваат нови информации за животот во оваа населба, занимањата, навиките и секојдневниот живот на нејзините жители.

Археологот Зоран Рујак вели дека фасцинира досегашниот материјал што излегол од населбата, како и начинот на кој таа била организирана.

Самиот феномен дека овде постои наколна населба е воодушевувачки. Откривме дека таа не е иста со наколната населба во Охрид, каде на една голема платформа се поставени голем број куќи. Овде секоја куќа била засебна а меѓусебе се поврзани со мовчиња, вели Рујак. 

Завод и музеј Струмица има изработено идеен проект за ова наоѓалиште, а следната година поднеле барање до Министерството за култура и туризам да се изработи и основен проект. Целта е да се направи музеј на вода, и да се презентира животот во наколната населба во праисторијата.

Изработката на основниот проект ќе ја даде и динамиката на реализација на проектот. Можеби ќе биде за една или повеќе години не знаеме точно но сепак таа е влезена во  нацрт годишната програма, вели Бранко Ѓоргиев, директор на Завод и музеј Струмица. 

Истражувањата на овој локалитет почнаа пред десетина години, кога водата во Дојранското Езеро беше повлечена и можеше да се работи. Последниве години, кога не работеше хидросистемот Ѓавото, повторно се намали нивото во езерото, па археолоите се навратија на наоѓалиштето кое се наоѓа до самата граница со Грција.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе