Според податоците на Евростат, помеѓу 2015 и 2024 година цените на куќите и становите во Европската Унија пораснале просечно за 53%.
Но, поскапувањето не е секаде исто. Рекордер е Унгарија со пораст од 209,5%, односно куќа која во 2015-та вредела 100.000 евра, лани стигнала до 309.500 евра.
Во Литванија цените на семејни недвижности пораснале за 135%, а во Португалија за 124,4%.
Најмал раст е измерен во Финска, за десет години изнесува 1,4%.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
