Вести Македонија Најважни

Скоро 11 илјади кандидати во трка за локална функција – почнува изборниот молк

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк во пресрет на првиот круг од локалните избори кој ќе се одржи в недела.

Се гласа за градоначалници и членови на советите на 80 општини и Градот Скопје. За 81 градоначалник се пријавени 309 кандидати. Поднесени се 577 кандидатски листи за советници. За 1307 советнички места се пријавени 10.499 кандидати.

ДИК вчера започна со достава на гласачкиот материјал. Испечатени се 4.613.438 гласачки ливчиња за првиот круг, а најдолгото ливче е половина метар.

МВР денеска соопшти дека презема мерки и активности заради непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. За првпат ќе користи дронови.

„Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти“, вели портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Најмногу кандидати има за градоначалник на Град Скопје – 16. По девет кандидати за градоначалник има во Струга и во Прилеп, а 8 за Битола. Во 21 општина има по само двајца кандидати, и тие ќе добијат градоначалник уште во првиот круг. За Град Скопје има поднесено 19 кандидатски листи за советници. За 45 советнички места се борат 855 кандидати. 16 листи има поднесено во Битола, а по 14 во Куманово и Долнени.

Утре гласаат болните и изнемоштени и затворениците. Пријавени се околу 9000 болни и изнемоштени лица и 2.162 затвореници и протвореници.

Право на глас имаат 1.832.415 избирачи. Во земјава има 3.480 избирачки места, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места, бидејќи во шест избирачки места нема население.

Изборите ќе ги следат 807 домашни и 643 меѓународни набљудувачи, како и 12 странски новинари.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе