Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина.
„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит САД-Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот!“, напиша Орбан на платформата X.
Во интервју за Радио Кошут утрово, Орбан објави дека ќе денеска разговара и со Путин.
„Мировниот самит во Будимпешта би можел да се одржи во рок од две недели“, рече унгарскиот премиер.
Според него, Унгарија е единствената земја каде што можат да се одржат преговори меѓу претседателите на САД и Русија.
„Тие бараа предвидлива средина“, прецизираше тој.
