Советникот за надворешни работи на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп бил „многу искрен и доверлив“ и траел речиси два и пол часа.
Путин, според Ушаков, истакнал дека руските сили ја држат стратешката иницијатива по целата борбена линија и ја обвини Украина за напади врз цивилни цели и енергетска инфраструктура на територијата на Русија.
За потенцијалната испорака на ракети Томахавк на Украина, Путин предупредил дека тие нема да ја променат ситуацијата на бојното поле, но „ќе нанесат сериозна штета на руско-американските односи и на изгледите за мирно решение“.
Трамп му ветил на Путин дека ќе ги земе предвид неговите ставови при средбата со Зеленски. Ушаков додаде и дека Трамп ја предложил Будимпешта како место за следната средба, на што Путин се согласил, а подготовките ќе почнат со телефонски разговор меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји.
T.Д.
