Нема никаков сомнеж дека ЕУ и НАТО работат заедно за да осигураат зајакнување на двете организации, изјави Марк Руте пред почетокот на денешниот состанок на министри за одбрана на земјите членки на Алијансата на кои учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски.
Според Руте, одбранбените иницијативи на ЕУ, како „Ѕидот од дронови“, не претставуваат никакво удвојување на напорите за одбрана, бидејќи НАТО е моќен во „тешките“ работи, како стандардите и капацитетите од воена страна, а Унијата има моќ со внатрешниот пазар за обезбедување средства и поврзување на земјите членки.
– Оваа комбинација е клучна за да работиме заедно. Русија се обидува да не подели, но не е успешна во тоа и ние соработуваме многу добро заедно, потенцира Руте, додавајќи дека НАТО, исто така, внимателно ги следи и случувањата на Западниот Балкан.
