Вести Македонија

Лекарската комора дополнително ќе решава за лиценцата на доктор Кузмановски

Лекарската комора (ЛК) дополнитечно ќе го разгледува барањето за продолжување на лиценцата на доктор Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија, кој по скандалот со снимката на која се гледа како тој во чинија меша бела прашкаста материја, за која во снимката алудира дека станува збор за кокаин, се утврди дека му е истечена пред седум месеци. Дотогаш, Кузмановски останува без активна лиценца за вршење докторска дејност, наведуваат од Лекарската комора во денешнотот соопштение во кое информираат дека нејзината Комисијата за етички и правни прашања го разгледала случајот на Кузмановски и упатила јавна морална осуда за настанот.

„Оваа се прави со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија, бидејќи однесувањето прикажано на снимката ги нарушува довербата во професијата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди кои се очекуваат. Комората нагласува дека доктор Кузмановски, како и секој лекар, треба да биде свесен за својата улога и значење во заедницата“, наведуваат од Лекарската комора.

Комисијата за етички и правни прашања, како што наведуваат од Комората, детално ги разгледала документите добиени од Министерството за здравство за Кузмановски, а направила и проверка на поднесените претставки до Комората за евентуални етички пропусти во работењето, при што било констатирано дека нема случај поврзан со Кузмановски.

„Со цел да може да се обезбедат соодветни факти и да се добие целосна слика за етичкото однесување на докторот во изминатиот период, што сметаме дека е важно во оваа ситуација, Комисијата цени дека е важно да ги имаат на увид и извештаи од стручните комисии формирани за овој случај од страна на Министерството за здравство и од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија“, се наведува во соопштението од Лекарската комора.

Од таму наведуваат дека по добивањето на официјалните извештаи и комплетирањето на информациите, Комисијата ќе донесе заклучок за понатамошно постапување во однос на прекршувањето на етичките норми од страна на Кузмановски.

Инаку, според Статутот на Лекарската комора, Судот на честа е органот кој на барање на обвинителот на Комората расправа и одлучува за одговорноста на членовите на Комората за сторена повреда од етичка и професионална гледна точка и за повреда на Кодексот на медицинската етика и должности, при што може да изрече опомена, јавна опомена, парична казна, како и времено или трајно одземање на лиценца. Обвинителот, пак, има право и должност, според Член 38 од статутот на Лекарската комора, да поведуваат постапка против член на Комората за кој постои основано сомневање дека го повредил Законот, Статутот или Кодексот на медицинската професија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе