Вести Македонија Најважни

Опозицијата вели „подготвени сме за предвремени парламентарни“ – власта порача „време е за правда, не за избори“

Владата да каже што ќе прави со евроинтеграциите, а партијата е подготвена за предвремени парламентарни во било кое време – порача лидерот на СДСМ. Од власта, пак, со одговор – време е за правда, а не за избори.

Во денови кога кампањата за локалните влегува во самиот финиш, а ДУИ тврди дека нема друг начин освен предвремени избори на пролет, двете најголеми партии со различни тонови.

  • „Ништо не се случи изминативе година ипол дена, веќе се затвораат кластерите целосно во Црна Гора и во Албанија, многу е веројатно дека до 2029 година ќе станат земји членки на Европската унија. Владата треба да каже што ќе правиме ние. Еве, кој е следниот чекор за ние да го продолжиме патот кон евроинтеграциите?! Гледаме недоследност во изјавите на премиерот. Еднаш вели ќе има, еднаш ќе нема предвремени избори. Сметам дека тој е свесен дека толкав број на гласови и пратеници како што доби лани, никогаш повеќе нема да добие затоа што луѓето дефинитивно се освестија“, вели Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. 

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски тврди – следните избори ќе бидат во 2028 година. Политичките опоненти ги нарече „црна коалиција“, а најави и кои се следните чекори по завршување на локалните избори.

  • „Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опозиција и не можат да додржат да останат во опозиција. И цело време „предвремени избори, предвремени избори, предвремени избори“. Кога некој толку бара предвремени избори тоа значи дека него го интересираат само привилегиите од власта. А, овие ги интересира и криминалот од власта. После локалниве избори ние нема да се занимаваме со предвремени избори туку ќе се занимаваме со расчистување во судството и обвинителството и сите овие коишто ја злоупотребија власта од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица, таканаречената „црна коалиција“ ќе одговараат по завршување на овие избори затоа што тоа е фокус број еден по завршување на изборите“, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт. 

Според Николоски, власта зборува за проекти наспроти манипулациите на опозицијата. Филипче, пак, даде дефинитивна оценка дека економијата е во пропаст, дека Македонија е најзадолжена земја во Западен Балкан, а 2025 е изгубена година за капиталните инвестиции.

Петар Догов

 

Б.С.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе