Вести Свет

Лос Анџелес прогласи вонредна состојба за помош на мигрантите по рациите на американската Служба

Округот Лос Анџелес прогласи локална вонредна состојба како одговор на рациите на американската Служба за имиграција и царина, со цел да обезбеди поголема заштита за мигрантите, соопшти во окружниот одбор.

Мерката, донесена со мнозинство гласови, треба да овозможи побрзо обезбедување на услуги како што се заштита на станарите и помош за семејствата погодени од акциите на имигрантската служба..

– Она што се случува во нашите заедници е вонредна состојба – и округот Лос Анџелес ја третира како таква, изјави членката на одборот Линдзи Хорват, која ја предложи мерката. Таа нагласи дека округот сега ќе може побрзо да реагира и да обезбеди итна помош за погодените семејства.

Лос Анџелес, со повеќе од 10 милиони жители, од кои над 3 милиони се имигранти, веќе со месеци се соочува со зголемени тензии поради строгиот пристап на администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон мигрантите.

Во јуни, во областа избија протести против масовните депортации, при што Трамп распореди војска во јужна Калифорнија заради смирување на ситуацијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе