Вести Македонија

Левица ќе поднесе тужба против Македонија во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако Уставниот суд ја одби нивната иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Упатството на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), кое се однесува на распределбата на рекламниот простор за време на изборната кампања.

Според Левица, спорното Упатство довело до целосна цензура на нивната партија, која и покрај тоа што е парламентарна, не добила ниту една секунда медиумски простор за рекламирање во текот на локалните избори. Партијата тврди дека дури и со сопствени средства не ѝ било дозволено да се рекламира, за разлика од, како што наведуваат, „милионското расфрлање на пари“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Иако контраверзното Упатство, не е објавено во Службен весник, а по својата суштина претставува општ акт и согласно Устав мора да биде објавено за да произведува правно дејствие, ги повредува уставните начела на еднаквост и политички плурализам преку противуставната ЦЕНЗУРА, повредува меѓународни правни акти инкорпорирани во нашиот правен систем, со кои е гарантирано правото на политичко дејствување загарантирано со Европската конвенција за човекови права и со Уставот, сепак, за судиите од Уставен суд тоа не е нималку важно и штетно по уставниот поредок и „во согласност со закон“, настрана што и законот не е уставен – од причина што се работи за дискриминација на партија која е трн во око на олигархијата и нивните газди“, нагласуваат од Левица.

Партијата најави дека нема да запре со правната и институционална борба за, како што велат, основните демократски права и изрази уверување дека Република Македонија ќе ја загуби постапката пред судот во Стразбур.

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица за оспорување на делови од Упатството на АВМУ за распределба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање на локалните избори. Судот оцени дека Упатството е во согласност со Изборниот законик и претставува техничка операционализација на законската одредба.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, истакна дека иницијативата е поднесена непосредно пред изборниот молк и дека подносителот, како пратеник, имал можност да иницира законски измени во претходните четири години. Тој апелираше за поголема политичка и академска култура од страна на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе