По објавените фотографии на кои поранешниот претседател на државата и екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски е во друштво со градоначалникот на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ (Кирил Пецаков) и претставничка Марина Горговска, реакција и првичен коментар на сегашниот претседател на Социјалдемократите.
-Во однос на сликата на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, која излезе на социјалните медиуми вчера, јас можам само да го цитирам поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, а тоа е или си СДСМ или не си – рече претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес конференција.
Бранко Црвенковски го замрзна членството во матичната парија СДСМ која ја предводеше во два наврати во 2020-тата незадоволен од партиските политики додека лидер на СДСМ беше Зоран Заев, а клучно беше интервјуто на Заев за бугарска новинска агенција.
По напуштањето на лидерската позиција во СДСМ, Црвенковски кој беше и трет македонски претседател, се повлече од јавниот и политичкиот живот и има исклучително ретки појавувања. Често има шпекулации за негово заткулисно играње во политичкиот живот, но тие шпекулации никогаш не биле јавно потврдени од него.
Миомир Серафиновиќ
