Вести Македонија

Меџити со прашање до Османи во Топ Тема: Ако почнеш да рушиш дивоградби прашање е „Дали ќе почнеш прво од твојата куќа?“

Во вечерашната Топ Тема се соочуваат кандидатите за градоначалници на Општината Чаир. Бројни ветувања доаѓаат од Изет Меџити, Влен како и од Бујар Османи, Националната алијанса за интеграции. И двајцата кандидати со свои архитекти се подготвени и ветуваат дека да ќе го сменат рувото на Чаир и ќе ја направат општина по светски стандарди. 

„Пред да почне кампањата, ДУИ преку Данела Арсовска, Левица и други кои сакаа да помогнат во предизборието на нивниот кандидат во овој случај на г-дин Бујар Османи, сепак бројките не кажуваат така. Чаир значи на ниво на Скопје е шеста по ред општина по дивоградби, а на ниво на држава е 10 по ред. Јас тврдам дека законот е почитуван до крај. За апартманскиот дел ги помешал, нема во Чаир туку на Водно. Г-динот Османи има најмалку право да зборува за ова, бидејќи самиот живее во дивоградба, ако социјални случаи, лица со ниски примања сме им дозволиле да градат диво, во овој случај цело време бил министер и самиот живее во дивоградба. Кога сме кај корупција и тука мислам дека нема морално право, бидејќи тој доби прекар “пациент“ токму за гинекологија Чаир, тоа беше во специјалниот суд“, изјави Изет Меџити, кандидат на Влен за Општина Чаир. 

Во врска со прашањето за дивоградбите Меџити директно му упати прашање на неговиот против кандидат Бујар Османи.

„Значи не се работи за куќата на татко ти во Серава којашто е изградена како дивоградба во времето на комунизмот, туку зборам за твојата куќа во Топанско поле во елитна населба кадешто имаш платено само едно евро за дивоградба и таа е легализирана, кажува и самиот факт што не се градела со дозвола за градба. Ако почнеш да рушиш дивоградби прашање е дали ќе почнеш прво од твојата куќа?“

Меџити за Чаир вети дека ќе биде прва општина со мнозинство од албански гласачи што ќе го затвори прашањето за водовод, атмосферска канализација и дека тоа целосно ќе биде минато  нема да се збори за тоа. Мастер планот како што го нарече Меџити предвидува освен решавање на планот со дивоградбите со архитектот  Мустафа Тутар, туку и дополнително решавање на сообраќајот почнувајќи со улицата Цветан Димов, како и другите улици предвидени во проектот.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе