Куманово е најголемата општина во државата. Се наоѓа на 45 минути возење од Скопје, а на влезот ќе ве пречека еден нетипичен знак. Но, проблемите на жителите се типични, како и во другите градови. Една од работите што најмногу им смета е сметот, но дел од нив признават дека за тоа вина сносат и самите тие, бидејќи не се грижат доволно за животната средина.
Некои од жителите се жалат на инфраструктурата. Улиците се тесни и имаат дупки, а паркинзи нема доволно. Но, дел од kумановците повторно се самокритични и велат дека понекогаш беспотребно се користат автомобилите и непрописно се паркираат.
А, напредок во поглед на инфраструктуратa гледаат оние кои подолго време не се во Куманово.
За некои, пак, помалите недостатоци како недостигот на јавни тоалети се, сепак, големи.
Очекувањата од локалните власти им се различни, но во едно се согласни треба повеќе да мислат на потребите на жителите.
Куманово се покажа како неопасна зона, а во него се задржавме онолку колку што ни беше потребно. Афирканската свинска чума одамна ја нема. Но, остануваат другите предизвици за општината кои ќе треба да се решаваат по локалните избори.
Марија Митевска
