За денеска закажано ново рочиште за прегазувањето на 67 годишниот Југослав Николовски на пешачка патека во Скопје. Обвинетиот Фатон Љ. кој е во притвор се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување помош на повреденото лице. Според обвинението, тој управувал мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола и со небезбедна брзина во пешачка зона, по што избегал од местото на несреќата. Повредениот 67-годишен Југослав Николовски подоцна почина во болница. Првото рочиште што беше закажано пред неколку недели не се одржа бидејќи одбраната на обвинетиот најавија вештачење за утврдување на причините за несреќата. Денеска обвинетиот се очекува да се изјасни дали признава вина. Обвинителството посочува дека има доволно докази за случајот.
Почнува судењето за смрттно прегазениот пешак кај паркот „Франкофонија“
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
