Вести Македонија

Мојсова: Не можам да поднесам колку е сè нечисто, нечистотијата е еден од мотивите поради кои влегов во оваа трка

Нечистотијата е еден од мотивите поради кои влегов во оваа трка, не можам да поднесам колку е сè нечисто, вели Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на Општина Карпош од коалицијата предводена од СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Мора да признаеме дека јавната чистота беше многу лоша. Сега пред избори е подобра. И добро е што дојдоа избори, затоа што малку живнавме. Знам дека постои комунален оддел во Општината. Јавно претпријатие не може да го наплаќаме од граѓаните, бидејќи тие пари одат во „Комунална хигиена“ заедно со Водовод. Она што е мој план е дека тоа комунално претпријатие може да преживее, за да биде самоодржливо, заедно со паркинзите кои што ќе бидат исцртани и донесени. Бидејќи и сега вака, парите од паркинзите од зонското паркирање се влеваат во Град Скопје. Чистотата мора да биде на највисоко ниво“, изјави Мојсова.

Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите пет кандидати за градоначалник на Карпош, учеството го откажа Сотир Лукровски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со објаснување „со обврски со партиски митинг“ и „претходно договорени настапи на други телевизии“.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе