Oд денеска се враќаат редовните авотбуски линии на приватните превозници – ЈСП уплатило по 6 милиони денари на трите компании. Сепак од компаниите велат дека овие пари се доволни само за две недели и се надеваат дека во меѓувреме на нивните сметки повторно ќе легнат пари за да продолжат да возат редовно.
Потенцираат дека автобусите имаат потреба од редовно сервисирање, како и секојдневно полнење на гориво и затоа за овие трошоци мора редовно да им се уплаќаат средства за да нема прекин во сообраќајот, односно граѓаните да не чекаат со часови на автоубските станици.
Приватните превозници кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг, кој според нив се приблиижил до три милиони евра. Тие вчера возеа редуцирано од 5 до 10 часот, а од денеска се враќаат со редовен возен ред.
