Триесет и пет години слушаме како ќе се премести Центарот за зависници, како ќе се дисплоцира од Кисела Вода, 35 години само лажни ветувања, истакна Оливер Поповски, кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода од коалицијата „Искуство за успех“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Тие зависници треба да се лекуваат некаде. Центар им треба. Тука е направен додека не се најде решение, а треба да се најде, но никој не го бара. Само за избори кажуваат дека ќе го преместат, ќе го дислоцираат, некаде во Бардовци, па не знам каде. До ден денеска таа песна ја слушаме како бајка од приказните. Мислам дека и тие се луѓе, и тие треба да живеат, и тие треба да имаат правилно лекување“, смета Поповски.
Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите седум кандидати за градоначалник на Кисела Вода. Присуството го откажа само Марко Ташков од група избирачи.
С.Д.
