Отчетност и транспарентност во работењето и попис на сите материјални и нематеријални средства во сите институции во надлежност на Општината, посочи Павлинче Матеска, кандидатка за градоначалничка на Прилеп од група избирачи, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ, како први работи што би ги направила доколку победи во изборната трка.
„Главна точка, сите ја споменуваме, е заштита на животната средина која што на граѓаните е основно човеково право и секој треба да извршува и постапува по закон. Најпрво институциите, па после да бараме одговорност и од граѓаните. Инфраструктурата која би донела развој на економијата, нови инфраструктури во индустриски зони и во нова населба, развој на спортот и културата“, изјави Матеска.
Во вечерашната „Топ тема“ учествуваа седум кандидати за градоначалник на Прилеп. Учеството во дебата го откажаа Ѓорѓија Игески (група избирачи) и Јасминка Стојкоска од Демократи.
С.Д.
