Вести Македонија

Чупетрески: Асфалтна база и агроберза во Прилеп, комуналните претпријатија се најголем проблем

Најпрво ќе ги разгледаме сите слабости на општината, главни или најголеми проблеми се комуналните претпријатија, рече Борче Чупетрески, кандидат за крадоначалник на Прилеп од група избирачи, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Нивна автоматизација, нивно техничко осовременување за побрзо и поефикасно работење на истите. Средување со хигиената и комуналниот отпад. Наредно е решавање на инфраструктурните проблеми, улиците, тротоарите и асфалтирање на градот. Сето тоа може да се заврши со отворање на асфалтна база во општината, со што би се олеснило нејзиното функционирање или работењето на овие претпријатија. Наредно е формирање на агроберза. На тој начин би се помогнало во целокупното организирано производство на земјоделството кое што е основна стопанска гранка на Општина Прилеп. На тој начин, земјоделството повеќе нема да бидат оптоварени со начинот на производство, количните и пласманот на нивните производи“, истакна Чупетрески.

Во вечерашната „Топ тема“ учествуваа седум кандидати за градоначалник на Прилеп. Учеството во дебата го откажаа Ѓорѓија Игески (група избирачи) и Јасминка Стојкоска од Демократи.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе