За одбраната висока, за вишото обвинителство и семејството на Фросина Кулакова казната од 12 години за Васил Јованов кој смртно ја прегази девојката е ниска.
Во Апелациониот суд денеска се одржа јавна седница за жалбите за висината на казната на Јованов кој го управувавал автомобилот без возачка дозвола, а притоа ја прегази Kулакова на црвено светло на пешачки, под дејство на алкохол и со брзина од 91 километар на час.Обвинителката Фатиме Фетаи праша уште колку деца треба да бидат погребани за да се смени судскста пракса.
„Казната затвор не е само бројка, тоа е став, тоа одразува какви вредности ние во суштина штитиме, ако животот на Фросина не вреди повеќе од 12 години затвор тогаш каква порака им испраќаме на евентуалните жртви. Ние на овој начин преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии. Бараме правда која ќе испрати јасна и гласна порака дека човечкиот живот е неприкосновен“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.
Семејството на Kулакова порача дека борбата не е само нивна, тука на сите кои сакаат да живеат во држава каде човечкиот живот има вредност, а сега има и отежителни околности за Јованов.
„Отежнителна околност е дека Васил е веќе осуден нарко дилер“, рече Тодор Кулаков, татко на Фросина.
„Дванаесет години се навистина малку. Ништо нема да ја врати Фросина, ама пораката која ја испраќаме е многу лоша. Дванаесет години можеби за него се многу, ама за еден живот тоа се ништо, бидејќи животот не може да се мери со бројки“, рече Камелија Кулакова, мајка на Фросина.
Одбраната на Јованов станува збор за лов на вештици, бидејќи 12 години казна не е изречена досега.
„Многу потешка сообраќајка, со два и повеќе престапи, бегање од лице место, а со сето друго исто, и со повреда на уште едно лице завршила со осум години“, изјави Сашко Дуковски, адвокат на Васил Јованов.
Јованов на почетокот на судењето призна вина и се извини на семејството на Kулакова која ја прегази на 26 јануари. Врховниот суд пак во мај ја укина пресудата со која Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога.
Maрија Митевска
