Вести Култура

Врачена наградата „Даница Ручигај“ на Александра Јуруковска

На литературната критичарка и новинарка за култура, Александра Јуруковска денеска и беше врачена наградата „ Даница Ручигај“, која што Друштвото на писатели на Македонија ја доделува од оваа година за најдобра небјавена поетска книга. Јуруковска ја доби наградата за нејзината прва збирка песни „ Ткажалки“.  Лауреатката победи во конкуренција од 10 пристигнати поетски ракописи, на конкурсот што го објави ДПМ од 18 јули до 18 август. Зад одлуката Александра Јуруковска да ја понесе наградата стои тричлено жири , со кое претседаваше Лулзим Хазири. Наградата се состои од плакета и објава на ракописот на Јуруковска во новата едиција „ Даница Ручигај“, на ДПМ.

  • Сакам да и честитам на Александра Јуруковска и уште еднаш да се заблагодарам за тоа што учествуваше, затоа што имаше доверба во процесот, во организацијата. И што покажа уште еднаш дека најубавите работи се случуваат кога се има верба во нештата, кажа Живко Грозданоски- претседател на ДПМ.
  • Искрено се радувам на наградата „ Даница Ручигај“ затоа што го носи името на една од најважните македонски современи поетеси, прерано и одамна замината. Меѓутоа, ова е начин на кој и оддаваме почит на неа и нејзиното творештво живее. Се радувам затоа што ова е моја прва книжевна награда, за мојот прв поетски ракопис. И не може човек да не биде благодарен кога тоа е препознаено од Друштвото на писатели на Македонија, рече Александра Јуруковска , лауреатка на наградата „ Даница Ручигај“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Тиват: Самит што може да го смени патот кон ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Tea Dimkovska

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе