Вести Економија

НБРМ: Нето надворешниот долг изнесува 28,2% од проектираниот БДП

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на вториот квартал од 2025 година:

  • На 30.6.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%.

Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 119 милиони евра и изнесува 8.983 милиони евра, што претставува 55,1% од проектираниот БДП за 2025 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2025/Soopstenie_Dolg_MIP_kv.2_2025.pdf

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе