Оптимизмот на кој сведочиме во последните три-четири недели се базира на очекувањата дека ФЕД, како централна банка која што во голема мера го дефинира амбиентот на светскиот пазар на капитал, конечно ќе ја намали каматната стапка, рече Горан Марковски, извршен директор на КБ Инвест во вечерашната дебата во Топ тема на ТВ Телма.
Во структурата на котирани компании доминираат банките кои во континуитет испорачуваат добри резултати, истакна Иван Штериев, директор на Македонска берза во вечерашната Топ тема на Телма ТВ.
