Вести Економија

Текстилната индустрија во слободен пад

Текстилната индустрија неколку години е во слободен пад. За само осум месеци затворени се минимум десет конфекции. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека речиси сите во Источна Македонија.

И оние што работат ги намалуваат работници, бидејќи странските партнери заминуваат во други земји.

Јас немам точен податок, но од она што ми го кажуваат колегите, на околу десеттина конфекции им е ставено клуч на врата. Сите се речиси од источниот дел, и тие што не затвoрaат ги намалуваат работниците, особено со заминување на постарите работници во пензија и немат намера да вработат нови луѓе и да ја одржaт дејноста на она ниво што било порано, изјави Ангел Димитров.

Текстилниот сектор преживеа три кризи, но последиците се намалување на налозите од традиционалните германски партнери.

Димитров вели дека во моментов македонските текстилни конфекции работат на помали налози, бидејќи токму овие налози конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат.

Во оваа индустрија останаа да работат 25.000 работници.

Од 2010 па наваму производството на облека се наоѓа во постојано опаѓање , а со тоа опаѓа и бројот на работници и извозот. После корона кризата тоа опаѓање се засили, особено дојде до израз со проблемите  што ги има германската економија, како наш најголем партнер.  Почетокот на војната во Украина и енергетската криза, тоа предизвика пад на побарувачката на текстилни производи во Германија, што директно влијеше на работењето на нашите конфекции, рече Димитров.

Македонските конфекции шијат пред се лон производството или околу 93%, а само седум проценти е македонски бренд. Лани извозот на текстилната и кожарската индустрија изнесува 518.5 милиони долари и е 6,15% од вкупниот извоз на државата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема шанса да осигураме стопроцентна регистрација – аеродромите во Рим се закануваат со суспензија на ЕЕС системот на ЕУ

Sasko Dimovski

Инцидент во Зоолошката градина, волци избегале од живеалиштата и усмртиле кенгури и ему птици

Дејан Дејан

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе