Вести Економија

Проблеми за земјоделците – ИПАРД е недоволно искористен

Индивидуалните земјоделци тешко ќе дојдат до парите од ИПАРД програмата доколку не се упростат постапките за конкурирање и не се обезбеди поддршка од државата. Ова е ставот на Националната федерација на фармери околу причините зошто малите земјоделски стопанства ги нема на списокот грантисти.

Стефче Јорданоски вели дека средствата за сточарството се едни од најнеискористените.

Сточарите во најголем број не можат да аплицираат најпрво бидејќи трлата, свињарниците, краварниците и другите објекти на фармите им се дивоградби.

За земјоделците е потребна и поддршка во спроведувањето ан постапката, бидејќи кога повиците за пријавување се отворени за време на работната сезона, земјоделците немаат време да ја соберат обемната документација и да се грижат за производството.

Втор голем прболем се парите. За сопствено учество најчесто им се потребни и поволни кредити.

Дека е сложен процесот на аплицирање се сложуваат и струмичките градинари. Драги Памуков вели дека во Струмица познава само два успешни случаи за добивање на грантови за градинсртво и во обете случаи добирниците се земјоделски компании, а не индивидуалци.

ИПАРД програмите во земјава бележат висока искористеност, но средствата се сѐ уште недостижни за ситните земјоделци. Овие проблеми се истакнаа на панел –дискусијата на тема Европската иднина на Југоистокот – земјоделството и улогата на заедницата, одржана во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема шанса да осигураме стопроцентна регистрација – аеродромите во Рим се закануваат со суспензија на ЕЕС системот на ЕУ

Sasko Dimovski

Инцидент во Зоолошката градина, волци избегале од живеалиштата и усмртиле кенгури и ему птици

Дејан Дејан

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе