Вести Економија Македонија Топ вести

Милиони евра за тротоари и улички, пари за управување со отпад нема

Милиони евра за тротоари, улици, водоводни мрежи, игралишта, паркови. Генерално за оваа намена општините побарале од парите кои ги добија со ребаланс на буџетот. Во документот долг 30 тина страница не сретнавме ниту еден проект од нив за управување со отпад.

Освен 100 милиони евра кои им беа доделени од државната каса,  тие добија и плус 250 милиони евра од унгарскиот кредит. Дали може би од странските пари некоја oд општина  излегла со проект за оваа, Мицкоски конкретно не одговори. За проблемот со депониите и отпадот,  прстот го впери во дел од невладините и дел од политичарите.

Таму каде што треба да се одлага имаме повторно невладини кои што протестираат. Зошто баш кај нас да се одлага. Имаме повторно политичари кои што мислат дека на дневна основа ќе добијат некој политички поен па ќе напаѓаат. Имаме трета група на луѓе, кои што се што ќе направи владата велат тоа не чини, а тоа во суштина е работа која што е наследена од минатото, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Познавачите сметаат дека дел од парите кои им биле на располагање,  требало да се искористат за проекти кои ќе овозможат управување со отпад, нешто што е многу важно и за што се зборува постојано.

Убаво би било барем дел од парите општините што ги добиле би ги намениле за подобрување на сопствените капацитети заради тоа што очигледно е дека во скоро цела Македонија имаат застарен возен парк не соодветни комунални депонии. За мене е несфатливо една депонија со механизација,  вработен стручен тим таму, со вага оградена е не е јасно за мене како е возможно да се запали и да се дозволи пожарот да не се изгасне веднаш, објаснува за Телма  Филип Иванов од Македонска асоцијација за цврст отпад

За Иванов е нејасно и како во една ваква ситуација на еколошка катастрофа, надлежните си ја префрлаат вината, кога јасно стои во законот која институција каква обврска има.

Комунална хигиена како јавно претпријатие формирано од Град Скопје треба да го собере отпадот од целата територија на Скопје, односно од сите општини кои влегуваат во негов состав, не знам каде е дилемата.  Додека Општините што се самостојни се исто така одговорни за управувањето со отпадот на својата територија. Место да постапуваме исправно, ние се докажуваме кој е во право и кој има поголем интерес или кој е посилен политички или партиски, а жртва на сето тоа такво однесување се граѓаните, додава Иванов

Иванов смета и дека цената по која и се плаќа на Дрисла за да го собере отпадот  е ниска- околу 11 евра по тон. Вели дека ако се зголеми износот може би тоа ќе не натера да правиме помалку отпад. Како пример ја наведе Словенија, каде за еден тон се плаќаат 250 евра.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе