Нов бренд амбасадор на ЕКСПО 2027 во Србија е познатиот холивудски актер Џеки Чен, кој денеска имаш средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Во објава на Инстаграм, Вучиќ изјави дека е убеден дека Џеки Чен, како промотор на ЕКСПО 2027, ќе обезбеди силна поддршка во презентирањето на настанот што ќе ја стави нашата земја во центарот на глобалното внимание и ќе го доближи духот на играта што ЕКСПО го промовира во Србија до светот.
- „Белград одамна стана нов дом за многу светски ѕвезди, а овој пат имаме посебно задоволство да бидеме домаќини на познатиот Џеки Чен, човек чија кинематографска уметност продолжува да ги инспирира сите генерации“, додаде Вучиќ.
View this post on Instagram
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
