Вести Економија Топ вести

Ревизија: „Дампинг цена кон ЕВН ќе го банкротира ЕСМ“

Термоелектраните треба да се затворат до 2030 година а немаат соодветна замена бидејќи ЕСМ нема ниту почнато изградба на нови капацитети, продажбата на струјата далеку под производствената цена носи милионски загуби и ја доведува во прашање реформата и зелената транзиција, далноводот кон Албанија еден од приоритетите на МЕПСО е во застој а компанијата се соочува со огромен број на барања за приклучоци од производители на струја од обновливи извори за кои мрежата нема капацитет.

Ова се само дел од заклучоците на ревизорскиот извештај за зелената транзиција на Македонија и преминот кон обновливи извори.

Македонија пред енергетската заедница се обврза дека до 2030 година 38 отсто од потрошената струја да биде од обновливи извори а ревизорите утврдиле дека се спроведуваат реформи на пазарот за електрична енергија, праведна енергетска транзиција но ова не е доволно ако не се обезбедат услови за имплементација од енергетските компании.

Кога станува збор за ЕСМ, ревизорите се децидни – ако продолжи истата политика „произведи скапо – продај евтино“ државната компанија ќе се соочи со колапс.

  • „Работењето во вакви услови на АД ЕСМ го доведува во прашање континуитетот во работењето на акционерското друштво и ефикасното спроведување на јавните инвестиции во областа на енергетиката. Продажната цена која универзалниот снабдувач (ЕВН н.з.)ја плаќа на повластените производители и на слободниот пазар е значајно повисока од цената која ја плаќа на АД ЕСМ“ – ДЗР.

Ревизорите нагласуваат дека од 26 капитални проекти, вклучувајќи ги фотоволтаичните централи и „Чебрен“ 10 се во некаква фаза на изработка а 16 се сеуште само проекти.

Отсуството на јасна стратегија и план кога станува збор за изградба на фотоволтаици предизвикала дополнителни проблеми пред се на МЕПСО бидејќи компанијата сега се соочува со огромен број на барања за приклучоци кои ќе ја оптоварат мрежата но ревизорите сметаат дека со законот за енергетика кој беше донесен во мај ќе го ублажи овој проблем.

  • „Капацитетот на мрежата моментално може да прифати само до 1,5 гигавати, додека барања за приклучување на производители на обновливи извори на енергија изнесуваат 8,6 гигавати од кои 6,8 се фотоволтаични централи а 1,8 гигавати се ветерни паркови“- ДЗР.

Ревизорите нагласуваат дека застојот во изградбата на далноводот Битола – Елбасан, кој инаку е завршен од албанска страна, е влијае врз енергетската безбедност и стабилност на Македонија но и на регионот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе