Спорт Тенис

Ѓоковиќ по 14-ти пат во четвртфиналето на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето на Ју-Ес Опен. Кај тенисерките, првата фаворитка Арина Сабаленка исто така стигна до следната фаза.

Ѓоковиќ доминираше против Јан Ленард Штруф со 6-3, 6-3 и 6-2 за да стигне до своето 14-то четвртфинале на Ју-Ес Опен во кариерата. Следен ривал на Србинот на грен слемот ќе биде Тејлор Фриц против кого има 10 победи и ниту еден пораз во досегашните меѓусебни пресметки. Американецот утринава беше подобар од Томаш Махач во три сета со 6-4, 6-3 и 6-3.

Вториот носител Алкараз го победи Артур Риндеркнеш со 7-6, 6-3 и 6-4. Со оваа победа Шпанецот стана најмладиот тенисер во опен ерата што стигнал до 13 грен слем четвртфиналиња со само 22 години и три месеци, соборувајќи го рекордот на Борис Бекер. Шампионот од 2022 година во следната рунда ќе се соочи со Јиржи Лехечка, кој го совлада Адријан Манарино во четири сетови.

На женскиот дел од грен слемот, првата фаворитка Арина Сабаленка ја победи Кристина Букша од Шпанија со 6-1 и 6-4. Белорусинката петта година по ред се пласира во четвртфиналето на Ју-Ес Опен, а таму ќе се соочи со Маркета Вондрушова.

Чешката тенисерка ја изненади деветтата носителка Елена Рибакина во три сета.

Четвртата носителка Џесика Пегула доминантно со 6-1 и 6-2 ја победи Ен Ли за место во четвртфиналето, каде за следна ривалка ја има Барбора Крејчикова, која во три сета беше подобра од Тејлор Таунзенд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе