Џанлуиџи Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити во новата сезона откако си замина од ПСЖ поради недоразбирање околу продолжување на договорот. Премиерлигашот ќе плати обештетување од 30 милиони евра, плус 5 милиони во бонуси за италијанскиот репрезентативец. Донарума четири сезони беше во ПСЖ, каде дојде до Милан во 2021 година.
Чуварот на мрежата, кој има 26 години во Сити ќе го замени Едерсон, кој е нов голман на Фенербахче. Турскиот тим плати обештетување од 16 милиони евра за Бразилецот, кој заминува од Манчестер по осум години.
