Вести Македонија Најважни

18-ти марш на ангелите – Мора да има правда за загинатите деца во Пулс

Мора да има правда за нашите загинати деца. Доколку ја нема ќе поставиме шатори пред зградите на полицијата и судот, порачаа родителите и блиските на загинатите и повредените деца во кочанската дискотека „Пулс“.

На денешниот 18-ти марш на ангелите имаше поголема излезност и поддршка од страна на граѓаните.

Маршот наместо да започне во 18.05, почна со задоцнување од речиси половина час, бидејќи како што тврдеа семејствата на загинатите кај хотелот „Национал“ полицијата вршела проверка на комбе, во која се превезувале граѓани од други градови за поддршка на Маршот на ангелите.

Родителите и блиските на загинатите и повредени млади луѓе пред полициската станица  порачаа дека пет месеци има  само  празнина во срцата, а  секој здив е потежок од претходниот.

Револтирани се на повикот на Синдикатот на МВР, со кој се повикуваат полициските службеници – против кои се изречени мерки за претпазливост и решенија за мирување на работен однос – да бараат правна поддршка од Синдикатот, затоа што имале кредити, хипотеки и долгови.

На 18-тиот Марш на ангелите главната порака на семејствата на настраданите во дискотеката Пулс беше „правдата мора да биде еднаква за сите“.

Во најголемата трагедија во земјава која се случи точно пред пет месеци загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запалени автомобилите на адвокатот Алиспахиќ

Дејан Дејан

Поради погрешен матичен број на полицаец вратен на работа со судска одлука- „застана“ здравственото осигурување на сите вработени во МВР

Дејан Дејан

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе