Милан експресно најде замена за дефанзивецот Малик Чау, кој замина во Њукасл за обештетување од 35 милиони евра, плус пет милиони во бонуси. Ново засилување за одбраната на „росонерите“ е Кони де Винтер од Џенова.
Милан ќе плати 20 милиони евра обештетување, плус бонуси, за белгискиот стопер, кој во минатото играше и за Емполи, но и во младинските категории на Јувентус.
Минатата сезона Де Винтер одигра 25 натпревари за Џенова во Серија А и постигна три голови.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
