Рано да се почувствуваат првите ефекти од воведувањето на американските царини кои засега за Македонија изнесуваат 15 отсто, рече гувернерот на НБРМ Трајко Славески. Како што рече , допрва ќе се прават потребните анализи.
-Се уште немаме ефект од воведувањето на царините. Дури и проценките на САД се, зашто и кај нив ќе има влијание, дека по пет-шест месеци ќе може да ги почувствуваат првите ефекти. Царинските стапки се буквално од пред некој ден. Треба да направиме анализи, да видиме во која мерка тоа би влијаело, сега немам прецизен податок за тоа, нагласи Славески, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
Одлуката на САД според која македонските производи ќе се царинат за плус 15 отсто, стапува во сила денеска, а беше донесена на 1 август. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и производите од Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35 отсто, од Босна и Херцеговина со 30 проценти, а најниска царина ќе имаат Албанија и Црна Гора, 10 отсто.
Повисоките царини на Трамп стапија на сила, Македонија ќе плаќа 15 проценти
