Вести Економија Македонија Најважни

Инфлацијата се искачи на 4, 8 отсто, цените на храната продолжуваат да растат – ќе има ли мерки?

Инфлацијата се искачи на 4,8 отсто. Во јули речиси се поскапело, a  за една година најмногу храната.

Од оваа категорија се забележува дека најголем скок има кај цените на овошјето  од 6,3 отсто.

За една година, значително поскапување има и кај транспортот, културата и рекреацијата, но и кај здравствената заштита. Ако пак се спореди периодот јануари – јули годинава,  со јануари- јули лани инфлацијата се зголемила за 4 проценти.

Веќе извесен период таа не мирува. Од Народната банка пак кои се задолжени преку свои механизми да влијаат на цените, тврдат дека состојбата се следи. Сепак, во моментов не размислуваат да ја затегнат монетарната политика, мерка од која зависи какви ќе бидат каматите и на кредитите и на депозитите.

-Имаме и други инструменти како што е на пример задолжителната резерва и така наречените макропрудентни мерки со кои што може да благо се делува во една или во друга насока во зависност од притисоците во движењето на стапката на инфлација, изјави гувернерот на Народна банка Трајко Славевски.

Од Владата претходно неколку пати најавија дека мерки ќе има, но до сега не се воведени. Последно се соопшти дека се чекаат податоците за инфлацијата за јули, па потоа да се одлучува како ќе се делува.  Гувернерот Славевски ги очекува владините мерки и смета дека на тој начин ќе и се помогне и на НБРМ во делувањето на ценовната стабилност.

-Во овој момент немаме информација најверојатно како што сте информирани самата Влада министерство за финансии самата Влада министерство за финансии за економија и труд ги прават проценките. Секако, секој потег кој што е одржлив на среден или подолг рок од страна на носителите на фискалната политика е добре дојден и помага на Народна банка во одржувањето на стабилноста на цените, додава Славевски.

Инаку,  Владата очекува годинава да се заврши со стапка на инфлација од само  2, 8 отсто, што е доста пониско од моменталната бројка.

Ирена Чачкова 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе