Вести Економија Топ вести

Кириите нема да се пресметуваат – еве дел од производите кои влегуваат во просечна потрошувачка кошничка на Владата

Во владината просечна потрошувачка кошничка планот е да има 101 производ. Во делот за храна и пијалoци влегуваат, од основни производи до сезонски овошје и зеленчук, слатки, конзервирана храна. Во делот за пијалoци стои кафето, чајот, минерална вода, какао и слично.

Од документот до кој дојде Телма, може да се види дека генерално станува збор за производ кои и сега се пресметуваат во минималната кошничка на ССМ.

Пишува и дека, за да имало пореална слика, за овошјето и зеленчукот ќе се има предвид дали е од сезонски карактер или не. Оние кои ги има преку целата година просечната месечна потрошувачка ќе се пресметува врз основа на податоците на Државниот завод за статистика за просечната годишна потрошувачка.

Потрошувачката на овошјето од сезонски карактер кое не се произведува во земјата, како на пример (портокали, мандарини и киви) и на зеленчукот вон сезона (домати, краставици, тиквички и пиперки) ќе се утврдува врз основа на увозот на истото во тој период.

Кај сезонското овошје и зеленчук во заграда пишува и од кој до кој месец  го има.

Во методологијата за пресметка на кошничката има и објаснување што се влегува како трошок од сите категории. На пример од здравствени трошоци се пресметуваат оние за медицински помагала, вонболнички и болнички услуги.

Од транспортните оние за купување возила, транспортни услуги. Потоа има трошоци за рекреација во кои влегуваат оние за весници, книги, туристички аранжмани, потоа трошоци за образование, за ресторани и хотели, но и трошоци за разновидни услуги, за фризер, за разубавување и друго.

Во документот пишува и дека се исклучува трошокот за кирија, кој сега се пресметува како дополнителен, со образложение дека варирале значајно и просторно. Во документот стои и дека мал број граѓани во земјава плаќаат станарина.

Планот е кошничката да се објавува на почетокот на месецот, односно кога Државниот завод за статистика ќе ги објави податоците за инфлацијата. Сега, кошничката ССМ ја објавува на крајот од месецот.

Првично се зборуваше дека ќе биде за три члена, на крјаот потрошувачката кошничката на Владата се скрои за четиричлено семејство. За новата кошничка на која се работеше неколку месеци, се дискутираше и вчера на економско социјалниот совет.  Според, информациите следи период на забелешки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе